Трајковски: Во Италија навивам за Наполи, а омилениот играч ми е од Интер

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски, кој пред неполна недела потпиша за саудискиот клуб Ал Фаја, изјави дека омилен клуб во Италија му е Наполи, иако никогаш не играл за наполитанците.

Трајковски во дресот на Палермо играше и во Серија А и во Серија Б, но фан е на Наполи и посакува Елмас и другарите да го освојат Скудетото.

„Иако никогаш не сум играл таму, навивам за Наполи. Се надевам дека конечно ќе ја освојат титулата во Италија. Ми се допаѓа и Интер, но ќе повторам: се надевам дека Наполи ќе биде прв на крајот. Таму има еден играч кој многу ми се допаѓа, Елиф Елмас. Тој сезонава многу созреа, демонстрираше дека може да покрие повеќе позиции на теренот. Сепак, играч кој најмногу ми се допаѓа како игра во Серија А е Лаутаро Мартинес од Интер“ – изјави Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести