Трамп најави: Спортот ќе продолжи, но нема да биде како претходно

Најмоќниот претседател во светот, Доналд Трамп, најави дека во скоро време може да се очекува повторно да има спортски натпревари во САД. Убедливо најмногу заразени луѓе од Коронавирусот има во САД, но и покрај тоа, Трамп најави дека мора да продолжи спортот.

Единствено што Трамп е сигурен дека продолжувањето на сезните во НБА НФЛ, НХЛ ќе биде без присуство на публика на трибините.

„Реално е дека спортските натпреварувања ќе продолжат без присуство на публика. Сепак, важно е тоа дека преноси ќе има од натпреварите“, вели Трамп, кој неодамна изјави дека му здосадило да гледа снимки од спортски случувања од пред повеќе од 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести