6.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Трансфер бомба: Ѕвездата на Атлетико Мадрид ќе го облече дресот на Барселона

Голгетерот на Атлетико Мадрид Хулијан Алварес ќе биде нов фудбалер на Барселона и тоа ќе се случи веднаш по завршување на Светското првенство кое ќе се игра ова лето. Ваквата вест ја проширија аргентинските медиуми, кои тврдат дека аргентинскиот напаѓач веќе има направено договор со каталонскиот гигант, а и клубовите ќе се согласат околу трансфер сумата.

„Хулијан Алварес ќе игра за Барселона по завршување на Светското првенство. Вредноста на трансферот ќе биде околу 70 милиони евра. Неговото време во Атлетико Мадрид доаѓа до крајот“, вели искусниот аргентински новинар Хуго Баласоне.

Алварес во Атлетико дојде дојде во 2024 година за сума од 75 милиони евра од Манчестер сити. Актуелниот договор со Атлетико му е до 2030 година, но најавите се дека трансферот е подготвен и треба да се реализира ова лето.

Барселона веќе некое време се обидува да го доведе Алварес и да најде соодветна замена за ветеранот Роберт Левандовски. Алварес игра одлично во Атлетико и досега во 92 натпревари има биланс од 42 голови и 14 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести