Трансфер бомби: Левандовски ќе игра за Барса до 2025 година, Баерн веднаш му најде сензационална замена во Кристијано Роналдо

Барселона има големо засилување што ќе го претстави во понеделник на „Камп Ноу“, а нов член по долги преговори со Баерн е кралот на стрелците во Европа, Роберт Левандовски.

Полјакот денеска ќе пристигне во Барселона на конечен договор што ќе ја чини Барса околу 50 милион и евра.

Договорено е расниот стрелец да потпише договор до 2025 година со шпанскиот гигант.

https://twitter.com/Plettigoal/status/1548072780045774850?s=20&t=AWmY2ReWW-UM7V6vRFb6SA

Баерн веднаш најде замена за Левандовски, а нов член на германскиот гигант треба да биде Кристијано Роналдо.

Објавено е дека Манчестер јунајтед веќе ја прифатил понудата на Баерн и Португалецот се очекува да потпише договор со најтрофејниот германски клуб најдоцна до идниот викенд.

Кристијано побара трансфер од Манчестер јунајтед и не замина со Црвените ѓаволи на турнеата во Тајланд и во Австралија.

https://twitter.com/FAbrIzoRoman0_/status/1548085241239072771?s=20&t=AWmY2ReWW-UM7V6vRFb6SA

Интересно е што челниците на Баерн постојано демантираа дека се заинтересирани за Роналдо, па дури на официјалната страница објавија и пет причини зошто не сакаат да го купат Португалецот, но сепак речиси сигурно еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе игра за Баварците.

 

- Оглас -

Најнови вести