Преодниот рок во Турција не е завршен, па најголемите клубови во последен моментов сакаат да се засилат со ѕвезди.
Фенербахче на позајмица го зеде Филип Костиќ од Јувентус.
Италијанскиот репрезентативец Жоржињо кој наводно сака да го напушти Арсенал за кој сезонава нема одиграно ниту еден натпревар може да се пресели во средниот ред на Галатасарај.
Бешикташ кој летово го донесе Чиро Имобиле, се подготвува за уште еден голем трансфер, во преговори се со Садио Мане кој настапува за Ал Наср од Саудиска Арабија.
Мане не сака повеќе да игра во Ал Наср, каде што е отфрлен, но сепак го фаворизира Бешикташ бидејќи сака да ја продолжи кариерата во земја со мнозинско муслиманско население.
Бешикташ во наредните денови ќе проба да го ангажира и Киеран Трипие.