Фудбалските трансфери станаа спектакуларни и со парите кои се трошат од клубовите за засилувања, но и со начинот на претставување.
Во последно време има вистинска трка кој подобро ќе го претстави своето засилување, па на филмските спотови и анимации може да им позавиди и Холивуд.
Едно од најинтересните летово е официјалното претставување на Иса Каборе. Репрезентативецот на Буркина Фасо има 21 година и од Манчестер сити како позајмен играч дојде во Олимпик Марсеј.
Официјалната презентација на Каборе изгледа футуристички, како секвенца од Блејд Ранер, култниот филм на Ридли Скот.
https://twitter.com/OM_English/status/1559873381499035649?s=20&t=u7X4flMeB0EylAG3oj3cZQ