Управата на Интер во летниот преоден рок потпиша со Маркус Тирам, кој на „Џузепе Меаца“ дојде како слободен тим, но Нераѕурите сепак платија за неговиот трансфер.
Италијанските медиуми открија дека Интер на агентите на францускиот репрезентативец им исплатил дури осум милиони евра провизија.
Челниците на Интер морале да им платат на агентите милионска провизија бидејќи голем интерес за Тирам во летниот преоден рок пројавуваше и ПСЖ.
Маркус Тирам сезонава одигра 12 натпревари за Интер во сите натпреварувања и постигна четири гола.