Трансферот на Елмас поучна лекција за македонските клубовите

Фенербахче одлично го одработи трансферот на Елиф Елмас во Наполи, а тоа е и една голема лекција за македонските клубови, во случајов за Работнички, како се дејствува на трансфер-пазарот.

Турскиот гигант и во најлошата сезона на клубот во последните неколку децении успеа да договори многу солидна цена за Елмас и вкупно може да заработи цели 19 милиони евра.

Работнички нема да добие ништо од трансферот на македонскиот репрезентативец, а одигра многу лошо пред две години, кога доби само 180 илјади евра, и тоа како тренинг-компензација. Во клубот немаа слух за талентот и квалитетот на Елмас уште како 17-годишно момче, иако беше јасно дека тој е еден од најголемите таленти во историјата на нашиот фудбал.

Фенербахче ја искористи ситуацијата, плати смешна сума и го доведе македонскиот фудбалски бисер во своите редови за незначителни пари. И сега го продава за 16 милиони евра, а договори и бонуси во висина од 1,5 милиони евра во зависност од бројот на настапи на Елмас за Наполи и уште дополнителни 1,5 милони евра од евентуалниот следен трансфер.

Тоа можеше да го стори и Работнички, а вклучување на процент од следната продажба на играч е вообичаена работа во светот на трансферите. Зошто тоа не е сторено, знае раководството на Романтичарите, а клубот во новиот милениум важеше за најдобар кога се работи за развој на млади играчи и заработка од нивните трансфери. Во случајот со Елмас комплетно потфрлија, па ќе немаат заработка ниту од трансферот на реалција Фенербахче – Наполи, ниту од каков било следен трансфер на Елмас во друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести