Трансферот на Елмас во Лајпциг е четврти најголем во зимскиот преоден рок

Зимскиот преоден рок во Европа заврши синоќа на полноќ без спектакуларни трансфери кај гигантите, но затоа меѓу најголемите трансфери се наоѓа тој на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас минатиот месец го напушти Наполи и за сума од 24 милиони евра се пресели во Ред Бул Лајпциг и тоа е четвртиот најголем трансфер во зимскиот преоден рок.

Највреден трансфер во зимскиот преоден рок беше тој на Бразилецот Витор Роке кој за 40 милиони евра се пресели од Атлетико Параненсе во Барселона.

Зад Роке е трансферот на Саша Бое кој го напушти Галарасарај и потпиша за Баерн Минхен за 28,2 милиони евра. Трет највреден трансфер е тој на Раду Драгушин за кого Тотенхем на Џенова и плати 25 милиони евра.

Меѓу десетте највредни трансфери во зимскиот преоден рок се уште и тие на Ренан Лоди од Олимпик Марсеј во Ал-Хилал, на Адам Њартон од Блекбурн во Кристал палас, на Лукас Бералдо кој од Сао Пауло се пресели во ПСЖ, на Габриел Москардо од Коринтијанс во ПСЖ, на Сирил Нгонге од Верона во Наполи и на Маркос Леонардо кој од Сантос се пресели во Бенфика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести