32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Трансферот на Исак од Њукасл во Ливерпул ќе биде третиот најскап во историјата на фудбалот?!

Иако стартот на Премиер лигата се случи минатиот викенд, сепак се чини дека Ливерпул не се откажува од трансферот на Александер Исак. Шведскиот фудбалер и Њукасл се во медиумска војна и јасно е дека тој во иднина нема да биде дел од составот на Страчките, а раководството на клубот постојано ги одбива понудите кои стигаат за него.

Сепак, планот на Црвените е следната недела да испратат понуда од 150 милиони евра, па доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде трет најскап во историјата на фудбалот по оние на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра и на Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра.

Она што е интересно, Њукасл го пречекува Ливерпул во премиерлигашки меч во понеделник, па раководството на Црвените планира да ја испрати официјалната понуда веднаш по натпреварот за да не се создаваат дополнителни тензии на „Сент Џејмс парк“.

- Оглас -

Најнови вести