Трансферот на Рикардо Калафиори од Болоња во Арсенал за 45 милиони евра се чинеше дека е завршена работа, но сега се појавија непланирани проблеми. Болоња пред една година го купи дефанзивецот од Базел за четири милиони евра, но и клаузула од 50% од следниот трансфер. Од Болоња не прават проблеми и го почитуваат договорот, па 22,5 милиони евра му припаѓаат на Базел, но тука настапува проблемот.
Клубот од Швајцарија во 2022 година го купи Калафиори од Рома за 2,6 милиони евра и 40% од неговиот следен трансфер. Базел на Рома веќе ѝ исплатил 1,6 милиони евра од трансферот на Италијанецот во Болоња, но сега од Римската волчица се закануваат дека ќе тужат бидејќи клаузулата од 40% се однесувала од сите пари што Базел некогаш ќе ги заработи од Калафиори, а не само од следниот трансфер.
Од Базел велат дека не е така и одбиваат да ѝ исплатат на Рома над осум милиони евра од трансферот на италијанскиот дефанзивец. На крајот, во најнезгодна ситуација се најде самиот фудбалер, кој сега не знае дали ќе игра за Болоња или за Арсенал.