Незаборавен трансфер период беше овој летово, Лионел Меси и Кристијано Роналдо беа главните „бомби“ кои го стресот фудбалскиот свет, а имаше и многу најавени и нереализирани договори. Еден таков, на Филип Костиќ од Ајнтрахт во Лацио, пропадна поради глупава грешка на некој во римскиот клуб. Спортскиот директор Игли Таре, потврди дека понудата за Костиќ, била испратена на погрешна адреса.
„Пред една недела го информирав раководството на Ајнтрахт дека сакаме да го купиме Костиќ. Тие ни рекоа да испратиме писмена понуда и ние го направивме тоа како што ни побараа, преку електронска пошта. Потоа рекоа дека не добиле никаква понуда“ – вели Таре.
Германски „Билд“ објави дека лацијалните ја утнале работата и понудата ја испратиле на погрешна имејл адреса, па затоа од Франкфурт биле во право кога рекле дека за Костиќ не добиле никаква понуда. Германците шпекулираат дека можеби Лацио намерно ја направил грешката, бидејќи 15 плус 3 милиони евра колку што барал Ајнтрахт, биле премногу за нив.