35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Трансферот на Луис Дијас во Баерн Минхен е завршена работа!

Германскиот новинар и фудбалски инсајдер, Флоријан Плетенберг, тврди дека трансферот на Луис Дијас од Ливерпул во Баерн Минхен е завршена работа. Екипите се договориле за обесштетување од 75 милиони евра, а Колумбиецот ќе потпише четиригодешен договор со плата од 14 милиони евра по сезона.

Дијас беше изоставен од составот на Ливерпул кој замина на азиската турнеја, што беше јасен знак дека тој ќе си замине од „Енфилд роуд“, а раководството на „црвените“ инсистираше на негова продажба пред за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да може да ангажира нови фудбалери во битката за обрана на трофејот од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести