Поранешниот француски фудбалер Жером Ротен, кој веќе долги години работи како водител на спортската програма на радиото „Монтекарло“, тврди дека од сигурни извори знае дека Килијан Мбапе ќе биде новото мегазасилување на Реал Мадрид. Според него, трансферот практично е договорен и дека да не се случеше пандемијата со Коронавирусот, преселбата на Мбапе во шпанската престолнина ќе се случеше уште ова лето.
Сепак, поради моменталната ситуација тој трансфер ќе се одложи за една година, но дефинитивно Мбапе во блиска иднина ќе ги брани боите на Кралскиот клуб.
„Одредени извори од ПСЖ ми потврдија дека трансферот на Мбапе практично беше завршена работа. Сепак, по сè што се случи неговата преселба многу веројатно ќе се одложи. Како и да е, Килијан нема да го продолжи договорот со Светците и само прашање е на време кога ќе го видиме во белиот дрес“, изјави Ротен.
Светскиот првак е одлучен во намерата да не го продолжи договорот со францускиот шампион кој му истекува во летото 2022 година, па затоа ПСЖ ќе нема друга опција освен да му дозволи на Мбапе да се појави на „Сантијаго Бернабеу“ и да си го оствари сонот, а несомнено тој трансфер ќе биде меѓу најскапите во историјата на фудбалот.