6.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Трансферот на Н’голо Канте во Фенербахче пропадна поради Роналдо?

Францускиот играч од средниот ред, Н’голо Канте, нема да стане ново засилување на Фенербахче.

Иако сè беше на чекор до реализација, откако клубовите постигнаа договор, а фудбалерот беше подготвен да се пресели во Истанбул, па дури и ги помина лекарските прегледи, од враќањето на Канте во Европа нема да има ништо.

Требаше да се случи размена на играчи меѓу Фенербахче и Ал-Итихад, при што во насока на Саудиска Арабија наместо Канте ќе замине Јусуф Ен Несири, но саудискиот клуб одолговлекуваше со доставувањето на потребната документација. Поради тоа постапката не можеше да се комплетира и двајцата фудбалери нема да завршат таму каде што планираа.

Фенербахче се огласи со соопштение во кое наведе дека поднеле барање до ФИФА за да се продолжи рокот за реализација на трансферот, но и тука Ал-Итихад повторно потфрли, па дури и не се обиде да се оправда.

Претпоставките се дека зад сето ова стои ставот на Кристијано Роналдо дека големите ѕвезди не треба да се пуштаат да ја напуштаат Саудиска Арабија. Тој дури одбил да тренира со Ал-Наср и ги предупредил челниците на лигата за трансферот на Карим Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал, бидејќи, како што истакнал, тоа не е праведно.

- Оглас -

Најнови вести