Трансферот на Осимен од Лил во Наполи е под истрага?!

Финансиската полиција на Италија започна истрага за трансферот на Виктор Осимен од Лил во Наполи, за кого беа платени 71,2 милиони евра. Трансферот се случи во 2020 година, но спорна е високата цена на трансферот ако се знае дека Осимен во Лил помина само една сезона и постигна 18 гола.

Споменатата сума е намалена за 20 милиони евра бидејќи во цената беа вклучени и четворица фудбалери кои од Наполи се преселија во Лил. Се работи за малку познатите играчи Клаудио Манци, Луиџи Лигури, Чиро Палмиери и Орестис Карнецис. Спорни се проценетите цени на овие фудбалери како дел од трансферот.

Манци, Лигури и Палмиери никогаш не заиграа за Лил, туку беа испратени на позајмица во Фермана, а потоа беа пуштени да си заминат како слободни играчи. Во Лил единствено остана грчкиот интернационалец Карнецис, кој има само три настапи за втората екипа на Французите. Клаудио Манци во моментов е дел од Турис, додека Лигури настапува за Леко. Двата клуба се дел од италијанската Серија Ц, односно третолигашката конкуренција. Палмиери е дел од Ночерина, која се натпреварува во Серија Д, четвртиот ранг на италијанскиот фудбал.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести