Пред повеќе од една година, Јувентус не жалеше пари да го направи најголемиот трансфер во клупската историја, па плати 112 милиони евра за да го доведе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Иако тоа е огромна сума, посебно за клуб од Италија, инвестицијата се покажува како исправна.
Роналдо има неверојатно влијание во клубот, особено во маркетингот и ПР делот. Само од продажба на дресови со името на Кристијано, во клупската каса на Јувентус се влеани 58 милиони евра, што значи дека само од тоа е исплатена половина сума од таа што му беше платена на Реал Мадрид.
Со Кристијано во тимот, влијанието на Јувентус на социјалните мрежи е зголемоено за 68 отсто, а фановите на Јувентус се зголемиле од 385 на 423 милиони.
Откако е дојден во Торино, Роналдо има одиграно 48 меча за Старата дама, во кои постигна 32 гола,, а имаше и 12 асистенции.