Трансферот на Ким Мин-јае од Наполи во Баерн Минхен е завршена работа. “Баварците“ ќе ја платат откупната клаузула од 50 милиони евра и ќе го ангажираат кореецот кој треба да потпише петгодишен договор со Баерн Минхен.
Според пишувањата на светските медиуми, кореецот и “баварците“ веќе ги договориле личните услови на фудбалерот и се чека само официјалната промоција на фудбалерот.
Наполи минатото лето го купи Ким Мин-јае од Фенербахче за 18 милиони евра, а само една сезона подоцна кореецот си заминува за далеку повисоко обесштетување.