Трансферот од Реал во Атлетико е 80 проценти завршена работа

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Колумбиецот Хамес Родригес, веројатно во следната сезона ќе го носи дресот на градскиот ривал Атлетико. Во ова е убеден е колумбискиот новинар Хавиер Ернандес Бонет, кој тврди дека трансферот е 80 проценти завршен.

„Ако во Реал сакаат да си вратат дел од парите платени за Хамес, треба да го продадат. Ако тоа не се случи до декември, тој може да си оди како слободен агент. Луѓето кои му кажаа за позајмицата во Баерн, сега му велат дека операцијата за премин во Атлетико е завршена со 80 проценти. И на Хамес му се допаѓаат личните и спортските аспекти на зделката. Голема е веројатноста тој да биде нов играч на Атлетико”, изјави Бонет за едно радио.

Сезонава 28-годишниот Родригес играше само на 13 меча во сите натпреварувања, осумпати беше стартер, а придонесот му беше еден гол и една асистенција. Последен пат во лигата настапи на 19 октомври, кога Реал загуби од Мајорка. По тој очаен меч за Реал, тренерот Зинедин Зидан пречкрта неколку свои играчи.

И минатото лето се зборуваше дека Хамес ќе се пресели во другата страна од Мадрид, но по поразот на Реал од Атлетико од 3-7 на пријателскиот меч во САД, Кралскиот клуб не сакаше дополнително да ги засили ривалот и да си ги налути фановите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести