Трансферот се одолговлечи, но Хамшик сепак ќе игра во Кина

Марек Хамшик по 12 години го напушти Наполи и кариерата ќе ја продолжи во кинеската Суперлига, каде што ќе игра за тимот на Далијан Јифанг. Откако трансферот се пролонгираше и требаше да биде официјализиран уште минатата недела, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, вчера потврди дека Словакот повеќе нема да ги брани боите на тимот од Неапол.

Сумата на трансферот изнесува 20 милиони евра, а Хамшик за три години ќе заработи 27 милиони евра според договорот.

Со 520 официјални настапи и 121 погодок, Хамшик во овие две категории е клупски рекордер, додека со Наполитанците освои два трофеи во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести