Месут Озил пред малку повеќе од една година ја заврши фудбалската кариера, но според она што го сподели на социјалните мрежи, се чини дека планира да го промени спортот.
Германецот со турско потекло само за една година направил вистинска трансформација од фудбалер во бодибилдер бидејќи во периодот откако го остави фудбалот, вежба во теретана и се грижи за своето тело.