24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Трансформација во 50 дена: Арсенал кога го освои „Олд Tрафорд“, го разбуди и Ѓаволот

Манчестер јунајтед како оправдување за неостварената мисија во Лигата на шампионите може да најде во подвигот во англиското првенство.

Точно 50 дена откако составот на Оле Гунар Солскјер загуби од Арсенал во дербито, и тоа првпат по 14 години на домашен терен, 20-кратниот англиски првак се разбуди и постепено се наметна на водечките екипи во Премиер лигата. Црвените ѓаволи од 1 ноември наваму остварија шест победи и едно реми со гол-разлика 19-8, по што од 15-тата стигнаа до третата позиција на табелата со 26 бода, пет помалку од лидерот Ливерпул.

Болниот пораз од пред 50 дена е заборавен, а Јунајтед тоа го претвори во мотивација и влезе во победничка серија, додека пак Топчиите скапо го платија триумфот на „Олд Tрафорд“ обезбеден со најстрога казна.

Екипата на Микел Артета падна во голема криза, во последните седум кола загуби пет натпревари, а бодови освои во ремијата со Лидс и Саутхемптон. Загрижувачка е статистиката само со три реазлирани погодоци наспроти 11 примени во текот на овие натпревари.

Потврда дека Арсенал воопшто не е на потребното ниво, говори фактот што Топчиите беа на деветтото место по победата против Манчестер, а сега се 15-ти со 14 бода, дури 26 помалку од големиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести