Робертсон му го смачка лицето на Траоре, најбрзиот волк за среќа мина без повреда (Видео)

Несмасен беше стартот на Енди Робертсон, бекот на Ливерпул во дуелот со Адама Траоре од Вулверхемптон на вчерашниот меч од ФА купот во Англија, кој заврши 2:2 и ќе се преигра.

Робертсон во обид да го прескокне напаѓачот на Волците слета со копачка директно на неговото лице, а Траоре имаше голема среќа да мине без посериозна повреда.

Robertson lands on Adama Traore’s face from soccer

Стартот на Робертсон се случи во финишот на мечот од ФА купот, кој заврши со резултат 2:2, па ќе се игра нов дуел, но овојпат Вулверхемптон ќе биде домаќин на својот стадион „Молињу“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести