25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Траоре не знаел дека му треба пасош за да влезе во авион

Екипата на Вулверхемптон со 4-0 славеше на гостувањето кај Пјуник во Ерменија, а во составот го немаше Адама Траоре, и тоа не поради повреда или одлука на тренерот, туку од административна причина. Тој на собирот пред стадион за тргнување кон аеродромот, со себе не донел пасош, туку само лична карта.

Со лична карта не може да се влезе во авион, и бил вратен дома, па не мораше да патува до Ерменија.

„Траоре немаше пасош, не знаел дека не може да патува само со лична карта. Ќе биде со нас на следниот меч“ – објасни тренерот Нуно Еспирито Санто.

- Оглас -

Најнови вести