Адама Траоре го нокаутира првакот на Англија, Манчестер сити со два гола за Вулверхемптон во финишот на мечот на гостувањето на „Етихад“.
Шампионот веќе има два порази по осум кола и заостанува дури 8 бода зад главниот конкурент за титулата.
Траоре беше стрелец во 80. и 94. минута, а популарните волци ја сопреа серијата од 7 меча без победа против Манчестер сити.
Ако во Манчестер Траоре донесе траорна атмосфера, во Лондон има двојна радост. Арсенал со голот на Давид Луиз го победи Борнмут со 1:0, а убедлив беше Челзи на гостувањето кај Саутемптон.
Младите момци на Френк Лампард ги декласираа домаќините и славеа со 4:1. Абрахам, Маунт, Канте и Батшуаи беа стрелци за гостите, а почесниот погодок за Саутемптон го даде Ингс.