34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Трапановски дебитираше со гол за Данди јунајтед во првенството на Шкотска

Македонскиот фудбалски интернационалец Кристијан Трапановски имаше одлично деби за Данди јунајтед во првенството на Шкотска. Тој постигна погодок во ремито на својот тим (2-2) против Данди во првото коло од новиот шампионат.

Трапановски успеа да погоди во 13.минута и во тие моменти донесе предност за Данди јунајтед од 1-0. На мечот беа постигнати четири гола, а двата тима ги поделија бодовите играјќи 2-2.

Давид Бабунски исто така беше стартер во тимот на Данди јунајтед и го одигра целиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести