Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски, беше стрелец во поразот на Данди јунајтед во градското дерби против Данди со 2-4. Нашиот фудбалер беше стрелец на голот за намалување на резултатот на 2-3, но не се радуваше од почит кон жртвите во големата трагедија во Кочани, само истрча кон својата половина за да продолжи мечот побрзо.