Трапановски: Се надевам дека селекторот Милевски гледа како играме јас и Бабунски

Кристијан Трапановски и Давид Бабунски прикажуваат одлични игри во дресот на Данди јунајтед, брзо се прилагодија на новата средина, во Лига купот на Шкотска, тие постигнаа неколку гола и покажаа дека ќе бидат големи засилувања за тимот.

Во интервју за британски медиум, Трапановски изјави дека се надева оти селекторот Благоја Милевски внимателно ги следи нивните игри и дека наскоро заедно ќе заиграат и во репрезентацијата на Македонија.

„Првпат играм во ист тим со Давид, тој е одличен фудбалер, десет години беше во Барселона, има играно со неверојатни фудбалери, плус тоа, супер момче е. Се надевам заедно ќе играме и за репрезентацијата. Се надевам дека селекторот Милевски внимателно ги следи нашите натпреварите во Данди јунајтед“, изјави Трапановски кој летово од Шкупи прејде во Данди јунајтед, а еден шкотски новинар му даде прекар Трападона.

Бабунски има 15 настапи за сениорската селекција на Македонија, а Трапановски беше дел од младинската, но уште не заиграл за А тимот.

Шкотското првенство почнува викендов, а Данди јунајтед игра градско дерби против Данди.

- Оглас -

Најнови вести