Трапановски учествуваше при три гола, а Давид Бабунски веднаш дебитираше за Данди јунајтед

На македонските фудбалски интернационалци им лежи Шкотска. Крилниот напаѓач Кристијан Трапановски, кој ова лето стана нов фудбалер на Данди јунајтед, одигра одличен меч во Лига купот на Шкотска.

Тој беше стрелец на еден гол и забележа две асистенции во триумфот на Данди јунајтед од 3-0 против Стенхаусмур.

На овој натпревар дебитираше и Давид Бабунски, кој денеска беше промовиран како ново засилување за Данди јунајтед, а веднаш доби шанса во стартниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести