Трапановски: „За Белгија не треба да се трошат зборови, но ние сме мотивирани за добар резултат“

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за дуелот против Белгија од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Атмосферата од подготовките ја пренесува Кристијан Трапановски, кој вели дека фудбалерите се мотивирани, но и подготвени за позитивен резултат од мечот против фаворитот во нашата група.

„Мотивацијата е на највисоко ниво. Подготвени сме, сите ги респектираме, но мислам дека со добар пристап ќе дојдеме до добри резултати против Белгија и Казахстан. Индивидуално Белгија е добра репрезентација, но ако тактички се подготвиме може да пружиме отпор. Мислам дека тактичкиот дел ќе биде најважен, а за нивните индивидуалци не треба да се трошат зборови. Имав добра сезона, но и неколку повреди, но подготвен сум и можам да го дадам максимумот.“ – вели македонскиот репрезентативец, Кристијан Трапановски.

- Оглас -

Најнови вести