1125 Манчестер јунајтед – Ливерпул (16.30 часот)
Ова дерби е четвртфинале во ФА купот, но без разлика во кое натпреварување играат ривалите е ден против друг, желбата за победа кај двата тима и кај фановите како и секогаш е огромна. Се игра само еден меч, мора да има победник, макар и се шутирале пенали ако после 90 и 120 минути биде нерешено. Ливерпул е во одлична форма, тоа го потврди и во четвртокот кога даде 6 гола против Спарта Прага. Јунајтед е тим кој два месеци нема играно нерешено. Црвените загубија на своето последно гостување на „Олд Трафорд“, но тоа беше пред повеќе од една и пол година, во август 2022.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.68)
2892 Борусија Дортмунд – Ајнтрахт (17.30 часот)
Борусија се пласираше во четвртфиналето на ЛШ и во добро расположение влегува во овој меч против тим кој е во убава серија без пораз. Ајнтрахт веќе не игра во Европа и фокусиран е само на Бундеслигата, а тоа им дава резултат, имаат две победи по ред и пет кола се без пораз. Тимот од Дортмунд е четврти на табелата и има седум бодови повеќе од Ајнтрахт, а за место во ЛШ се бори и Лајпциг кој е на само бод зад Жолто-црните. Од последните осум дуели на овие екипи во Дортмунд, дури седум пати имало барем четири гола.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)
2890 Монпелје – ПСЖ (20.45 часот)
Парижаните точно еден месец немаат победа во француската лига, некако се специјализираа за нерешени игри, имаат низа од три ремија по ред. Првото место не им е загрозено, но затоа во опасност е доведен прволигашкиот статус на Монпелје. Овој тим е само еден бод над опасната зона, а имаат три бода повеќе од претпоследниот на табелата. Монпелје е тим кој во последно време многу често и дава и прима гол. Светците на последните четири лигашки гостувања во Монпелје секогаш даваа барем три гола.
Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.08)
3748 Интер – Наполи (20.45 часот)
Ова е дуел на два ранети лавови кои испаднаа од Лигата на шампионите од шпански екипи па сега им останува да се свртат кон домашната лига. Интер е на прагот да го наследи Наполи како нов првак на Италија и фаворит е на вечерашното дерби. Интер има дури 31 бод повеќе од Наполи во моментов. И традицијата е на страна на домашните, Наполи седум години не победил во Милано против Нераѕурите.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.77)
1468 Атлетико Мадрид – Барселона (21.00 часот)
На Атлетико му треба победа за враќање на четврто место, а за Барселона која има шест бода повеќе од Атлетико, ова е можеби последна шанса за останување во трка за одбрана на титулата, со пораз, па и реми, тоа би значело крај на реалните шанси да го стигнат Реал. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи во Мадрид беа неефикасни со 0-2 гола, а секогаш имаше победник, во Мадрид нерешено не било уште од 2018 година. Последната победа на Јорганџиите над Барса беше во есента 2021.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.84)