8001 Милвоки бакс – Бруклин нетс (1:30 ч.)
Уште од самиот старт на новата сезона, Милвоки се наметнува како тим кој ќе доминира на Истокот. По првите две кола, Бакси имаат два триумфи, па реално е таа низа да продолжи и против Бруклин.
Сепак, Милвоки треба да е претпазлив затоа што пред две недели во контролен меч, Бруклин победи со 10 разлика (107:97). Во двата тима има играчи кои се мераклии на многу поени, па Адетокумбо и Холидеј кај домашните и Дурант и Ирвинг кај гостите треба да бидат гаранција за многу поени.
Предлог тип: 1&>233,5 (3.25)
8470 Чикаго – Индијана (2 ч.)
Ова се очекува да биде еден од мечевите на кои домашниот тим без многу проблеми ќе стигне до победата. На пет од последните шест дуели, Чикаго се радувал против Индијана, која е екипа што тешко дека ќе има сили да се бори за висок пласман.
Индијана ја има најслабата одбрана по првите четири меча и во просек прима над 120 поени, што значи дека ако сака да направи изненадување во Чикаго, ќе мора во нападот да биде речиси без грешка.
Предлог тип: 1-1 (1.74)
8474 Јута џез – Хјустон рокетс (3 ч.)
Јута имаше три победи по ред, од кои две беа по дополнителни пет минути во продолжение, па заморот ги стигна на гостувањето кај Хјустон, кога беа поразени со 114:108. Џезерите сега веднаш имаат шанса да се реваншираат, и тоа на свој терен против истиот ривал.
Во последните 10 меча кои овие два тима ги одиграа во последниве две и пол години, Јута има дури седум победи.
Предлог тип: 1 (1.54)
Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (4 ч.)
Овој меч треба да биде шоу меѓу Никола Јокиќ од една и Леброн Џејмс од друга страна. Денвер е многу непредвидлив тим, кој ако се разигра, може секого да победи. Брзиот напад е главен адут за Нагетси.
Лејкерс заедно со Сакраменто се единствени тимови без победа во новото првенство на Западот.
Предлог тип: >227,5 (1.97)