6782 Раков – Астана (21 ч.)
Раков е еден од најдобрите екипи во Полска кој во изминативе две години освои два Купа и два Супер купа. Астана беше втора во Казахстан, а и сезонава по 16 кола е на второто место во првенството.
Полскиот фудбал е на повисоко ниво од тоа што е во Азербејџан и домаќинот треба да победи на овој меч и да се стекне со предност пред реваншот.
Предлог тип: 1&2-4 (2.55)
4211 Росарио – Њуел олд бојс (21:30 ч.)
Дуел на екипите со најдобра одбрана и најслаб напад. Њуел олд бојс во осум меча прими само четири гола, а даде девет, додека Росарио во осум средби има гол-разлика од само три дадени и седум примени гола.
Со вакви бројки од досегашниот дел од првенството јасно е дека тука голови не треба да се очекуваат.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.99)
6786 Гимараиш – Пушкаш Академија (21:30 ч.)
Гимараиш како шестопласиран во Португалија е дел од Конференциската лига, додека Пушкаш заврши на третото место во Унгарија. Домаќинот ја има фаворитската улога и реално е да е така затоа што португалскиот фудбал во овој момент е за класа на повисоко ниво од тој во Унгарија.
Предлог тип: 1 (1.45)
6779 Вележ – Хамрун (20:30 ч.)
Малтешкиот претставник во Конференциската лига, екипата на Хамрун, во првото коло го елиминира Алашкерт, но реално ќе биде аутсајдер во двомечот со ривалот од Босна и Херцеговина.
Вележ има проблем со реализација и на последните четири меча даде само еден гол и нема победа, но сега мора да ја прекине оваа лоша низа.
Предлог тип: НГ (1.83)
6773 Арис – Гомел (20 ч.)
На овој меч прашање е со колку разлика ќе победат домаќините. Арис е тим кој има искуство во европските натпреварувања, а Гомел, кој по 15 меча во првенството на Белорусија е на осмото место, тешко дека ќе се спаси од пораз на ова гостување.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.92)