Дури 12 прогнозери имаат седум погодени мечеви од осумте кои се одиграа вчера во рамките од петото коло на Спортска прогноза. Тоа значи дека сите тие се во трка за освојување на вредносен ваучер од 1.000 денари што следува за сите оние кои би имале 12 од можните 13 погодени натпревари.
За денеска останува да се одиграат уште пет меча, а возбудувањата ќе започнат од 14 часот кога ќе играат Елче и Атлетик Билбао. Прогнозерите речиси и да немаат дилема за овој меч и Атлетик Билбао го гледаат како голем фаворит затоа што преку 76 отсто чекаат да биде „двојка“.
Од петте меча кои се играат денеска, најголем фаворит е Ливерпул за кого типувале над 82 отсто од прогнозерите во дуелот со најголемиот ривал Манчестер јунајтед.
Многи поголеми дилеми прогнозерите имаа за останатите три меча. Фрајбург е домаќин на Ајнтрахт, а ваква израмнетост за трите фикса речиси никогаш немало. За поведа на Фрајбург се 34,56 отсто од прогнозерите, во нерешено веруваат 33,33 отсто, а за победа на гостите се 32,10 отсто од прогнозерите.
Слична е ситуацијата и за дуечот Лориен против Брест. За нерешено се над 44 отсто од прогнозерите, а на победа на Лориен типувале 41 отсто.
Најмногу гласови за „икс“ има и за дуелот Леванте – Рајо Валјекано, каде над 47,5 отсто чекаат да нема победник. Во Леванте веруваат 36 отсто, а за Рајо се само 15 отсто од прогнозерите.
1306 Елче – Атлетик Билбао 2 2.20
1808 Фрајбург – Ајнтрахт Ф. Х 3.65
1706 Лориен – Брест Х 3.35
1009 Ливерпул – Манчестер ј. 1 1.63
1308 Леванте – Рајо Валјекано Х 3.30
——————————————————
Вкупен коефициент: 144.69