Треба да е добитна 14-ка на Квоти на денот

Денешните три меча во Квоти на денот во Sport Life даваат вкупен коефициент од точно 14, што е навистина добра понуда. Тоа што е уште поважно, сите три меча се типови на фаворитите.

Рома гостува кај Фиорентина, а Римската волчица треба да даде два гола и да не загуби во Фиренца. Коефициентот за такво нешто е 2.25.

На Лајпциг – Волфсбург домаќините се фаворити, но Волфсбуг знае да биде опасен ривал. Двата тима сакаат да играат офанзивно, па затоа најреално е да се одигра на домаќинот да не загуби, но и дека ќе има три погодоци, што дава коефициент 2.50.

Третиот пар е Лил – Олимпик Марсеј. Домаќинот сезонава игра фантастично, па не случајно е лидер во француското првенство по 27 кола. Олимпик е на седмото место, но реално не треба да има шанси за бодови кај Лил, тим кој треба да даде барем два гола, што би било доволно за триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести