Треба да има голови и на третото Ел Класико сезонава, Ливерпул нема избор и мора да победи

1102 Ковентри – Манчестер јунајтед (16.30 ч.)

Ова е втор полуфинален дуел во ФА купот и победникот ќе игра против Манчестер сити за трофејот. Манчестер јунајтед е голем фаворит на овој дуел кој ќе се игра на „Вембли“ и има шанса со евентуална победа да дојде до можност да се бори за освојување на трофеј и да ја спаси сезоната.

Манчестер јунајтед е голем фаворит против тимот кој игра во Чемпионшип дивизијата иако загуби на последниот меѓусебен дуел кој се играше пред 17 години.

Предлог тип: 2 & 0-4 (2.06)

 

1309 Реал Мадрид – Барселона (21.00 ч.)

Ова е последно, трето, Ел Класико сезонава, а на првите два дуели славеше Реал Мадрид. Во првиот дел од сезоната во Ла Лига беше 2:1, а во финалето на шпанскиот Суперкуп, Кралевите победија со убедливи 4:1.

Со победа, Реал Мадрид ќе ги реши дилемите околу титулата во Ла Лига, додека триумф на Барселона би ја донел на само пет бода од Кралевите на табелата и тоа на шест кола до крајот на сезоната. Поради тоа, за очекување е и двата тима да играат офанзивно и да не калкулираат, што е гаранција дека ќе има голови на „Сантијаго Бернабеу“.

Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.90)

 

1959 Галатасарај – Пендикспор (18.00 ч.)

Галатасарај нема право на грешка бидејќи со Фенербахче води мртва трка за титулата, а кикс во ниту еден случај не смее да се случи кога се игра на домашен терен. Галатасарај на шест кола до крајот има два бода предност пред Фенербахче, додека Пендикспор се наоѓа во зоната на испаѓање. Влогот е преголем за Галатасарај за да дозволи изненадување и за очекување е да оствари лесна победа.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (2.17)

 

1007 Фулам – Ливерпул (17.30 ч.)

Ливерпул по елиминацијата во Лигата на Европа останува да се надева на кикс на Манчестер сити и да ги задржи шансите да ја освои титулата во Премиер лигата и на најдобар начин да се прости од менаџерот Јирген Клоп.

Фулам е одличен пред своите гледачи сезонава, има освоено повеќе бодови на домашен терен од екипи како Манчестер јунајтед, Челси, Брајтон. Фулам на последниот меч на „Крејвен котиџ“ загуби со 0:3 од Њукасл, додка Ливерпул минатата недела беше шокиран на „Енфилд“ од Кристал палас (0:1). На последните три меча кои Ливерпул ги одиграл на „Крејвен котиџ“ во Лондон, не успеал да победи (1:1,2:2,1:1), но денеска нема друг избор и мора оди на победа.

Предлог тип: 2 & 1+ I & 1+ II (1.98)

 

3650 Монца – Аталанта (20.45 ч.)

Одличниот настап на италијанските екипи во европските купови, меѓу нив е и Аталанта која ќе игра во полуфиналето во Лигата на Европа, им донесе дополнително петто место во Лигата на шампионите следната сезона и тимот од Бергамо има реални шанси за да дојде до таа позиција.

Аталанта има само четири бода помалку од петтата Рома на седум меча до крајот на сезоната и сигурно е дека ќе стори сè за да игра во ЛШ идната сезона. Аталанта има одличен скор против Монца, на досегашните седум официјални натпревари, тимот од Бергамо славел на дури шест, а само на еден загубил.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.13)

- Оглас -

Најнови вести