6716 Холандија – Франција (20.45 ч.)
Франција е една од двете репрезентации кои во квалификациите за ЕП 2024 година нема примено гол, а единствена селекција која може да ѝ се закани во нејзината група е токму вечерашниот противник. Во првиот меч, Франција славеше со убедливи 4:0, но потоа Холандија оствари три победи по ред и се наоѓа на второто место во групата со еднаков број бодови како и Грција, а има и натпревар помалку. Лалињата знаат како се победува Франција, посебно на домашен терен и во последниот дуел кој го играше во Ротердам, во првото издание од Лигата на нациите, славеше со 2:0.
Предлог тип: ГГ 3+ (2.25)
6715 Австрија – Белгија (20.45 ч.)
Ова е натпревар кој би требало да го одлучи победникот во групата Ф. И Белгија и Австрија имаат идентичен скор, по четири победи и едно реми, и повеќе од сигурно е дека и двете репрезентации ќе играат на ЕП 2024. Првиот дуел кој се играше во Брисел заврши без победник (1:1) и за очекување е вечерва повторно да се тресат мрежите. И двете селекции имаат свои адути, Ромелу Лукаку се враќа во голгетерска форма играјќи за Рома, додека „главни“ во селекцијата на Австрија се Давид Алаба и Марсел Сабицер, коишто играат одлично во Реал Мадрид, односно Ливерпул. Досега Австрија и Белгија одиграле пет меѓусебни меча и само еден завршил без голови, и тоа во далечната 1979 година.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)
6713 Ирска – Грција (20.45 ч.)
Ирска игра очајно во квалификациите и веќе ги загуби шансите да се пласира на ЕП, кое ќе се игра во Германија, до крајот на квалификациите и преостанува да се обиде да го обели образот пред навивачите. Ирците во досегашните пет меча во квалификациите остварија само една победа и имаат дури четири победи и вечерва во Даблин играат против Грција, која во првиот дуел славеше со 2:1. Интересно е што освен што ќе играат за својата чест, Ирците ќе играат и за прва победа над Грција. Досега Ирска и Грција четирипати играле меѓу себе и нашиот јужен сосед има скор од три победи и едно реми.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (3.55)
6718 Португалија – Словачка (20.45 ч.)
Португалија има максимален учинок во квалификациите за ЕП 2024 од шест победи во шест меча и фантастична гол-разлика од 24:0 и е на добар пат да ја продолжи победничката серија.
Словачка се наоѓа на второто место на табелата во групата Ј со 13 бода, три повеќе од Луксембург, кој единствено може и да се закани за второто место кое носи на ЕП. Досега овие две репрезентации петпати играле меѓу себе и Португалија има четири победи и едно реми, а првиот дел кој се играше во Братислава заврши со минимални 0:1 за Роналдо и соиграчите.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.08)
6769 Англија – Австралија (20.45 ч.)
Англија е лидер во групата Ц, во која утре својот меч од шестото коло ќе го одигра Македонија, а денеска против Австралија ќе игра пријателски натпревар. Гордиот Албион во петте меча во квалификациите постигна 16 гола, од кои седум завршија во мрежата на Столе Димитриевски и за очекување е да бидат ефикасни и против Австралија иако играат пријателски натпревар.
Предлог тип: Т1 1-2 I & 1-2 II (2.65)