2811 Фредериција – Б93 (19.00 часот)
Фредериција е во серија од четири меча без пораз во данската втора лига и се наоѓа на третото место на табелата. Б93 пак во последното коло со триумфот од 2:0 над Хелсигор ја прекина серијата од шест порази по ред. Гостите се трети одзади на табелата и се аутсајдери на овој меч. Првиот меѓусебен меч кој се играше сезонава заврши со убедлив триумф на Фредериција од 5:0.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)
6757 ПСЖ Ж – Баерн Минхен Ж (18.45 часот)
Фудбалерките на ПСЖ во првото коло во Лигата на шампионите загубија од Ајакс со 2:0, додека Баерн одигра 2:2 против Рома. Баерн сезонава нема ниту еден пораз, одигра само двапати нерешено, против Рома во ЛШ и Ајнтрахт во Бундеслигата, додека ПСЖ во домашното првенство загуби од Олимпик Лион, но на натпреварите на двата тима головите се загарантирани. Минатата сезона овие два тима играа во четвртфиналето на ЛШ и двата меча завршија со идентични 2:1, но благодарение на голот во продолжението, фудбалерките на германскиот тим се пласираа во полуфиналето.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.79)
9144 Барселона – Висла Плоцк (20.45 часот)
Барселона вообичаено доминира во групната фаза во ракометната Лига на шампиони, па и сезонава не е исклучок. По седум кола, Барселона е лидер на табелата во групата Б со шест победи и еден пораз. Полскиот тим пак има само една победа и шест порази и се наоѓа на претпоследното седмо место на табелата. Во претходното коло славеше против Висла Плоцк со 25:28 на гости, но вечерва пред своите гледачи е апсолутен фаворит за победата. Барселона славеше на последните пет меѓусебни средни, а единствената победа полскиот тим ја оствари во 2014 година.
Предлог тип: 1 хенд 5.5 (1.80)
6747 Хакен Ж – Реал Мадрид Ж (18.45 часот)
Хакен сезоната ја започна со гостинска победа против Парис од 2:1, додека Реал Мадрид одигра 2:2 против Челзи. И двата тима играат ефикасно, Реал во последниот триумф во домашниот шампионат постигна дури седум гола, додека Хакен даде четири гола.
Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3 II (2.35)
4244 Фламенго – Брагантино (01.30 часот)
И двата тима на пет кола до крајот на сезоната во бразилскиот шампионат имаат шанси да ја освојат титулата. Брангантино е четврти на табелата со 59 бода, три помалку од лидерот Палмеирас, кој има и натпревар повеќе, додека Фламенго е шести со 57 освоени бода. И двата тима немаат што да калкулираат, ремито не им одговара многу и се очекува да играат офанзивно. Последниот меѓусебен дуел на кој Фламенго беше домаќин на „Маракана“ заврши со триумф на домашниот тим од 4:1.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.16)