5104 ПСЖ – Фламенго (18 ч.)
Ова е финале на Интерконтиненталниот куп меѓу шампионот на Европа и првакот на Јужна Америка. ПСЖ ја има фаворитската улога, но Фламенго е во одлична форма. Тоа е тимот кој ја освои титулата во бразилското првенство, а на последните 13 меча има осум победи, четири нерешени и само еден пораз.
Двете екипи негуваат напаѓачки фудбал и играат да постигнат гол повеќе, па може да се очекува возбудливо финале.
Предлог тип: ГГ3+ (2.30)
3131 Раднички 1923 – Чукарички (16:30 ч.)
Заостанат меч од 15-тото коло меѓу две екипи кои имаат многу интересна традиција кога се работи за меѓусебните пресметки. На последните осум средби на овие ривали секогаш имало голови на двете страни, а дури петпати било ГГ3+.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)
1101 Манчестер сити – Брентфорд (20:30 ч.)
Меч од четвртфиналето на Лига купот. Сити е во одлична форма и има девет победи во последните 11 меча. Во сите тие 11 средби имало најмалку по два погодоци.
Брентфорд не игра баш најдобро и во последните пет меча има три порази, едно реми и само една победа. Традицијата кога играат овие два ривала вели дека Сити има четири победи и едно реми на последните пет меча.
Предлог тип: 1&3+ (2.14)
2851 Феенорд – Херенвен (21 ч.)
Ова е дуел од 16-финалето на Купот на Холандија на кој домаќинот е во улога на фаворит, но Феенорд е во лоша серија на резултати и има седум порази на последните 10 меча.
Ако се гледа традицијата во пресметките со Херенвен, Феенорд има дури осум победи, едно реми и само еден пораз.
Предлог тип: 1& T1 1+ I&2+ (1.88)
1246 Данди – Селтик (21 ч.)
Заостанат меч од 11-тото коло во шкотското првенство. Данди стана експерт за нерешени, има дури осум меча без победик. Селтик ја има надобрата дефанзива, а и одличен биланс во пресметките со Данди.
На осум од последните 10 меча на овие ривали се радувал Селтик, а шкотскиот гигант на осум меча ја сочувал својата мрежа незатресена.
Предлог тип: 2&2-4 (2.35)

