28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Треба да има голови во Манчестер и Неапол, Ливерпул ќе остане максимален на домашен терен

1007 Ливерпул – Нотингам форест (15.00 часот)

Ливерпул е апсолутен фаворит во дуелот против Нотингам форест и се освен убедлива победа би претставувало огромно изненадување. Црвените сезонава имаат максимален ефект кога играат пред своите гледачи на „Енфилд“ на седум меча во сите натпреварувања имаат седум победи.

Во Премиер лигата имаат четири победи на домашен терен и гол-разлика 11:2. Минатата сезона Нотингам форест се врати во Премиер лигата и одигра два интересни меча со Ливерпул. Црвените славеа со 3:2 на „Енфилд“, но загубија со 1:2 на вториот дуел. Мохамед Салах се наоѓа во фантастична форма, досега постигна седум гола и има четири асистенции, и се очекува да ги предводи Црвените во нова победа.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.17)

 

1465 Атлетико М. – Алавес (21.00 часот)

Атлетико Мадрид игра одлично сезонава и за разлика од минатото, сега натпреварите се ефикасни. Атлетико на девет натпревари има гол-разлика 23:8, исто како и лидерот на табелата Реал Мадрид кој има два меча повеќе. Диего Симеоне има одличен тандем во нападот, Антоан Гризман е втор стрелец во Ла Лига со седум гола, а Алваро Мората досега даде пет гола, кои се гаранција дека навивачите на ќе уживаат на „Ванда Метрополитано“. Минатата сезона, Атлетико Мадрид на домашен терен славеше со убедливи 4:1.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.45)

 

3711 Наполи – Милан (20.45 часот)

Во дербито на колото во Серија А играат Наполи и Милан. И двата тима не играат според очекувањата на нивните навивачи и имаат по два порази во девет кола.
Наполи ќе биде ослабен со неиграњето на главниот напаѓач Виктор Осимен, но далеку поголеми проблеми има тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли бидејќи за вечерашниот дуел нема да може да смета на играчи како Бенасер, Калдара, Чуквуезе, Лофтус-Чик, Окафор, Спортиело.

Интересно е што Милан славеше во Неапол на последните три меча во Серија А (0:4,0:1,1:3), а последен пат на гости загубил во 2018 година. Иако ќе отсуствуваат клучни играчи кај двата тима, се очекуваат голови бидејќи Наполи полека влегува во шампионски ритам, додека Милан редовно игра добро во Неапол.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.23)

 

2867 О. Марсеј – О. Лион (20.45 часот)
Ова е дуел на поранешни француски шампиони кои сезонава не играат според очекувањата и веќе ги променија тренерите. Со доаѓањето на Џенаро Гатузо на клупата на Олимпик Марсеј, екипата игра сè подобро и пред три дена со 3:1 го совлада АЕК Атина во Лигата на Европа. Олимпик Лион е посебна приказна бидејќи е последнопласиран на табелата со само три освоени бода и е единствен тим во Лига 1 кој по девет кола нема победа. Тука подобрата форма на домаќинот треба да биде пресудна за победникот.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ (2.22)

 

1112 Манчестер јун. – Манчестер сити (16.30 часот)

Во градското дерби се е можно иако фаворити се Граѓаните. Манчестер јунајтед не игра според очекувањата, додека Сити врза две победи по поразот од Арсенал. Интересно е што токму двата тима од Манчестер се единствени во Премиер лигата што не одиграле нерешено досега, Јунајтед има пет победи и четири порази, додека Сити има седум победи и два порази.
На последните четири меѓусебни меча и двата тима постигнувале голови (2:1,1:2,3:6,1:4).

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести