1806 Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (18:30 ч.)
Баерн Минхен ужива во шампионските денови во Бундеслига, а и Борусија Менхенгладбах нема големи мотиви за игра затоа што нема шанса да игра во Европа, а е сигурен во средината на табелата. Токму затоа и Борусија нема победа во последните пет меча, но кога се гостува кај шампионот, мотивот е поинаков.
Шоу од голови со резултати 4:4, 4:3 и 3:2 има на последните три меча на тимот од Менхенгладбах. Така треба да биде и на „Алијанц арена“.
Предлог тип: ГГ4+ (1.83)
3004 Емполи – Парма (20:45 ч.)
Дуел на две екипи уште немаат обезбедено опстанок. Посебно „гори“ кај Емполи кој е во зоната за испаѓање, но со евентуална победа денеска може и да се најде на сигурна позиција.
Сепак, факт е дека Емполи сезонава игра очајно дома и во 17 меча на свој терен има само една победа. Интересно е дека последната победа на Емполи во домашмото првенство ја има на 8 декември минатата година.
Предлог тип: 1 (2.20)
1306 Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад (21 ч.)
Атлетико Мадрид се откажа од трката за титулата, но кога игра на свој терен секогаш е во улога на фаворит за освојување бодови. Јорганџиите сезонава имаат само еден пораз на свој терен, а Сосиедад не е ривал кој би им парирал.
Во последните седум меѓусебни дуели Атлетико има четири победи и три нерешени, а најчесто средбите завршуваат со не повеќе од два гола.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.08)
1538 Бенфика – Спортинг (19 ч.)
Дуел кој може да го реши шампионот во Португалија. Двата лосабонски гиганти имаат по 78 бодови, а Спортинг е прв поради подобрата гол-разлика. Бенфика ја има предноста на домашен терен, каде сезонава е со 14 победи од 16 средби. Спортинг сезонава има само еден пораз на гости.
Резултатите од меѓусебните дуели на последните пет меча велат дека Спортинг има три победи, а два пати било нерешено по 90 минути. Најчесто играат со многу калкулации и без многу голови.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.90)
1955 Трабзонспор – Галатасарај (18 ч.)
Галатасарај е пред одбрана на титулата во Турција, а дека е најдобар тим треба да потврди и кај тешкото гостување кај Трабзонспор. Четири победи по ред има Галатасарај во дуелите со Трабзонспор, а на последните два меча имало седум и шест голови.
Предлог тип: 2&3+ (1.98)