1105 Тотенхем – Ливерпул (17:30 ч.)
Двете екипи се во одлична форма, но факт е дека гостите се во улога на фаворит. Ливерпул ги доби последните седум натпревари против Тотенхем. Лондонскиот тим последен пат се радувал во октомври 2017 година, кога дома победи со 4:1.
Тотенхем сезонава дома има шест победи и два порази во осум меча, но ќе биде многу тешко да го сопрат најдобриот напад во лигата. Седум од последните девет дуели на овие две екипи завриле со ГГ3+, па и сега е реална оваа варијанта.
Предлог тип: ГГ3+ (1.98)
1309 Реал Мадрид – Кадиз (21 ч.)
Реал има големи проблеми со Коронавирусот и неколку фудбалери се заразени па нема да може да играат, но и покрај тоа Кралевите се големи фаворити за победа. Кадиз лани направи чудо и победи во Мадрид, но речиси невозможно е да се повтори тоа и сега.
Мадридскиот гигант има 10 победи во низа во сите натпреварувања и головите не треба да се проблем.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)
1638 Валвијк – ПСВ (16:45 ч.)
Кога играат овие два тима редовно има голови, па и денеска треба да биде така. Гостите се големи фаворити и сигурно ќе атакуваат на трите бода, со кои ќе го задржат првото место на табелата.
ПСВ го има вториот најдобар напад во лигата, а во досегашните 16 меча има гол разлика од 40 дадени и 23 примени гола, што е по четири погодоци на меч.
Предлог тип: 2-2&4+ (3.05)
1543 Визела – Порто (20 ч.)
Визела е тим кој прв пат по 36 години игра во елитното португалско друштво и не се покажува во лошо светло. Визела е експерт за нерешени резултати (има 7 реми во 13 кола), додека Порто има пет победи и две нерешени на гости сезонава.
Гостите треба да победат и да го задржат добриот просек на постигнати погодоци.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.82)
3007 Специја – Емполи (15 ч.)
Меч на два тима кои се во различна форма. Специја има пет порази и само едно реми во последните шест меча, а Емполи е со четири победи и едно реми во последните пет дуели.
Традицијата на мечевите меѓу овие два тима вели дека треба да има голови. На осум од последните девет меѓусебни средби завршиле со 2-4 погодоци, па така ќе биде и сега.
Предлог тип: 2-4 гола (1.51)

