Кевин де Бројне е најголемата ѕвезда во белгиската репрезентација, лидер на тимот и ќе треба посебно да му се даде внимание бидејќи 34-годишникот ќе има големи мотиви на дуелот со Македонија вечерва во Гент.
Де Бројне, кој игра во Наполи заедно со Елиф Елмас, роден е во предградие на Гент, како дете тренираше во клубот Гент. Но, првпат ќе игра на стадионот на кој Белгија ќе ја пречека Македонија. Де Бројне најави и дека многу негови роднини и пријатели ќе бидат на трибините, па секако ќе има инспирација, што не е добро за нас знаејќи каков мајстор е.