Денешните пет меча кои се понудени во Квоти на ден, доколку се одиграат заедно на еден тикет, ќе донесат вкупен коефициент од 49.14. Наполи гостува кај Сасуоло и актуелниот италијански првак не треба да загуби во натпревар на кој двата тима ќе се израдуваат на погодок, што носи коефициент од 2.15.
Во Белгија, Ројал Унион и Бриж ќе играат меч кој треба да го даде финалистот во Купот и се очекуваат погодоци. За играта двата тима да погодат и да има барем по еден погодок во двете полувремиња, квотата е 2.25.
Интер е голем фаворит против Аталанта и покрај „кецот“ треба да има меѓу два и пет погодоци за да биде добитна комбинацијата која вреди 2.25.
Нотингем Форест е домаќин на Манчестер јунајтед и Црвените ѓаволи тука не треба да загубат, а да бидат постигнати меѓу два и четири погодоци, што е со коефициент 2.15.
Ливерпул дома треба да победи против Саутемптон, а навивачите на „Енфилд роуд“ треба да видат барем по еден гол во двете полувремиња. Коефициентот за оваа комбинација е 2.10.