Беа потребни голови во финиш за најголемите викенд-добивки во Sport Life, се истакнаа четворица среќници

Викендов повеќе обложувачи ќе го паметат по добро, а за истакнување се четворица играчи коишто имаа одлични добивки со оглед на уплатата која ја имаа, па заработката им е голема.

Во уплатно место на Sport Life во скопски Сарај, еден играч кој уплатил 200 денари на тикет со девет саботни и неделни мечеви од топ 5 лигите, дојде до добивка од 144.679 денари.

Овој обложувач играл разни игри, а имал и многу среќа во саботата бидејќи Мајорка даде гол во 91-вата минута за да излезе точна неговата прогноза 3+ голови. И Севилја можеше да не победи против Вилјареал ако Жерард Морено ја реализираше стопроцентната шанса која неверојатно ја утна, но, за среќа на обложувачот од Сарај, сè излезе како што посакуваше.

ВО ТЕТОВО СО УПЛАТА ОД ИЛЈАДАРКА, ДО ДОБИВКА ОД РЕЧИСИ ТРЕТИНА МИЛИОН, СТРУЖАНЕЦ ЧЕКАШЕ И ДОЧЕКА ГОЛОВИ ВО 91-ВА И 93-ТА

Во Струга исто така погодени се девет меча со уплата од 200, а добивката е 96.043 денари. Таму на тикетот беа неделни мечеви играни попладнето, има комбинација од средби од топ-лигите, но и од пониски рангови. Стружанецот имаше среќа при погодување на 3+ голови на два меча. Доби голема помош од Валвијк, кој третиот гол против Најмехен го даде во 93-тата, и од Болуспор со Умранијеспор, каде што третиот гол беше постигнат во 91-вата минута.

Во Sport Life во Тетово со уплата од 1.000 денари, има тикет со богата добивка од 329.966 денари. На овој тикет има десет саботни мечеви од повеќе различни лиги, кај сите е погоден конечниот тип. На овој тетовец најголеми проблеми му правеше Спартак Москва, кој до победа дојде во финишот, со гол во 87-мата минута, иако имаше играч помалку цело второ полувреме. Лил губеше по првото полувреме, но со пресврт и гол во финишот дојде до победа за радост и во Тетово.

МУРТИНЕЦ ИМАШЕ ДОБРО ПРЕТЧУВСТВО КАДЕ ЌЕ ПАЃААТ ГОЛОВИ ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Во струмичкото Муртино има одличен добитен тикет вреден 107.677 денари. Таму прогнозерот реши да вложи 100 денари на пет мечеви од саботата и типувал кои тимови ќе даваат барем два гола во прво полувреме. Сите квоти на тикетот му се од 3.00 нагоре, а нему му требаше среќа бидејќи тикетот стана добитен кога АИК Стокхолм својот втор погодок го постигна во втората минута од судиското продолжение во првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести