Манчестер сити рутински го победи Арсенал со 3:0 со голови во првото полувреме во меч што требаше да биде дерби на 17. коло во Премиерлигата.
Гостите ја искористија очигледната криза на топчиите и лесно и убедливо славеа победа.
Кевин Де Брујне со погодок во втората минута најави триумф на Манчестер сити, а потоа и Стерлинг погоди, па по 15 минути игра вече се беше јасно.
Белгиецот постигна уште еден гол во финишот на првиот дел, а потоа ја погоди и стативата. Арсенал е во голема криза и со новиот пораз е на деветтото место на табелата со 22 бода.
Манчестер сити остана на третото место со 35 бода, 14 помалку од лидерот Ливерпул и 4 зад Лестер.