Диого Жота сè уште ги чека резултатите од магнетната резонанца по повредата на мускулот на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити, но веќе е речиси сигурно дека ќе го пропушти Мундијалот во Катар.
Португалскиот медиум „А Бола“ веќе објави дека опасниот офанзивец на Португалија и на Ливерпул ќе мора да паузира најмалку еден месец, што значи дека нема да игра на Светското првенство.
Тоа ќе биде голем удар за еден од фаворитите на шампионатот, а Португалците се пласираа откако ја елиминира Македонија со победа од 2:0 во финалниот бараж-дуел во Порто во март годинава.
Мундијалот ќе почне на 21 ноември, односно за малку повеќе од еден месец и нема шанси Жота да биде подготвен, објави „А Бола“.
Офанзивецот има одиграно 29 натпревари за Португалците и постигнал 10 гола.