Требаше да биде големо засилување за Борусија Дортмунд, но не ги мина медицинските прегледи

Напаѓачот на Штутгарт, Серху Гираси, не успеа да ги мине медицинските прегледи при трансферот во Борусија Дортмунд. Новиот клуб тоа го објави официјално, со напомена дека трансферот е стопиран и дека ќе следат подетални прегледи за фудбалерот.

„За време на лекарскиот преглед на Серху Гираси му беше откриена повреда која бара дополнителна истрага“, се вели во соопштението на Борусија Дортмунд.

Напаѓачот лани имаше блескава сезона во дресот на Штутгарт. Тој постигна 28 гола на исто толку натпревари во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести