Требаше да биде Мурињо, но сега друг Португалец е фаворит за клупата на Арсенал

Менаџерот на Арсенал Унај Емери, е под голем притисок да добие отказ од таборот на Топчиите по низата од шест меча без победа во сите натпреварувања на неговиот тим. Се најавува уште една сезона за заборав на лондонскиот клуб, а најмногу боли лошиот учинок во Премиер лигата – Арсенал има само четири победи во 13 натпревари.

Англиските медиуми тврдат дека Португалец ќе го преземе кормилото на поранешниот англиски првак доколку Емери добие отказ. Претходно се најавуваше Жозе Мурињо, но тој сега го води градскиот ривал Тотенхем, па како алтернатива се појави името на Нуно Еспирито Санто, менаџерот на Вулверхемптон.

Санто со Волците остварува одлични резултати, особено правеше чуда минатата сезона откако се вратија во Премиер лигата и завршија на респектабилното седмо место. Оваа сезона Вулверхемптон повторно е при врвот, засега се на петтата позиција, а најголема заслуга за тоа има токму во нивниот предводник.

Како што беше најавено, Португалец ќе го води Арсенал, но не Мурињо, туку понетрофејниот Еспирито Санто.

- Оглас -

Најнови вести