Требаше да биде наследник на Модриќ, а сега ќе игра во Чемпионшип

Ален Халиловиќ од вчера е нов член на англискиот второлигаш Бирмингам по потписот на едногодишниот договор. Некогашната голема надеж на хрватскиот фудбал, на 24 години потпиша за деветтиот клуб во својата кариера, па во претстојната сезона ќе трча на терените во Чемпионшип лигата.

Во своите тинејџерски години како бисер на Динамо Загреб, Халиловиќ беше еден од најперспективните таленти во Европа, статус кој го доведе до преселба во големата Барселона. Меѓутоа, таму не се пронајде, а ниту ги оправда очекувањата дека ќе биде новиот Лука Модриќ.

Му следуваше позајмица во Спортинг Хихон и прекомандување во тимот Б на Каталонците, а потоа среќата ја бараше во Хамбургер. Ниту во Германија не ги оправда очекувањата, шанса за воскреснување доби во Милан, но и таму не се прослави, па Росонерите го пуштаа привремено да игра во Стандард Лиеж, односно Херенвен.

Кариерата му претрпе нов пад по доаѓањето во Бирмингам, но можеби Халиловиќ токму покрај стратегор Аитор Каранка, поранешниот асистент на Жозе Мурињо, ќе се пронајде и ќе извлече нешто добро.

- Оглас -

Најнови вести